Утрински Весник
Свет

Употребата на ковид-пасошите почнува во март: Во авион само со влезница

Употребата на ковид-пасошите почнува во март: Во авион само со влезница

Претставници на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) открија дека употребата на нивната „дигитална влезница“, (Travel Pass), треба да започне во март. Се очекува тогаш да започне да се користи од големите авиокомпании.

Тоа е мобилна апликација која им помага на патниците да складираат и управуваат со информации поврзани со сертификати за тестирање на ковид-19 или вакцинација. Апликацијата обезбедува поголема безбедност и ефикасност од печатените, т.е. хартиени документи.

ИАТА посочува дека нивните тимови работат на проектот во 12-часовни смени со цел да овозможат проектот да заврши што е можно побрзо, пишува Травемагазин.

Оттаму велат дека на овој начин, ќе се решат најголемите проблеми на авионската индустрија поврзани со моменталната пандемија.

Тие исто така додаваат дека ниту еден проект досега не се развил со вакво темпо. Брзиот развој на апликацијата може делумно да се припише на постојната технологија, вклучувајќи ја и апликацијата за бесконтактна идентификација.

Оваа апликација е развиена од ИАТА пред пандемијата, во партнерство со компанијата „Еверним“ (Evernym), која се занимава со решенија за дигитална идентификација.

Со развојот на Travel Pass, ИАТА исто така се обидува да реши потенцијален проблем поврзан со персоналот на аеродромот.

Во моментов, авиокомпанијата, која работи со околу 10% капацитет, користи 100% од својот персонал за да ги потврди сертификатите за тест на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници