Утрински Весник
Македонија

УНХЦР донира заштитна опрема за општина Гевгелија

УНХЦР донира заштитна опрема за општина Гевгелија

Гевгелија,11 јуни 2020 (МИА) – Претставник на УНХЦР од привремениот транзитен центар за бегалци „Винојуг“ во општина Гевгелија предаде 30 пакети со заштитна опрема против ширењето на Ковид-19, составена од заштитни маски, ракавици, антибактериски влажни марамчиња и гелови за раце.

Покрај општина Гевгелија, пакети со заштитна опрема од УНХЦР денеска добија граничните полицајци, Центарот за јавно здравје, ПЕ Гевгелија како и ОВР Гевгелија, а во наредните денови акцијата ќе се спроведе во сите општински институции каде вработените се изложени на ризик од заболување со корона вирусот.

Во Гевгелија и околните населени места, каде има поголема концентрација на луѓе, УНХЦР спроведува акција за поставување информативен материјал со илустрации и натписи на повеќе јазици за доследна примена на заштитните мерки кои се значајни правила во борбата против предизвикувачот на пандемијата.

На средбата меѓу УНХЦР и општина Гевгелија се разговарало и за продолжување на соработката во насока на спроведување активности за заштита на бегалците и засегнатите лица кои се привремено сместени во ПТЦ „Винојуг“.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени