Утрински Весник
Македонија

Унијата на ЗМСТАС со поддршка за медицинскиот персонал и помош каде што е потребна

Унијата на ЗМСТАС со поддршка за медицинскиот персонал и помош каде што е потребна

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ им го честита 7 април -Денот на здравјето на сите здравствени работници во земјава и ја нуди својата помош онаму каде што е потребна во услови кога државата се соочува со коронавирусот.

– Во овие несекојдневни моменти кога хуманоста, несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот персонал е на највисоко ниво, сакаме да изразиме огромна балгодарност до персоналот на Инфективната клиника во Скопје, Одделите за инфективни болести во Куманово, Дебар….. ЈЗУ ГОБ 8 Септември – Скопје и секаде каде медицинските сестри се во првите борбени редови против коронавирусот. Во името на Унијата и здружението „За нас“ сакаме да упатиме поддршка и помош секаде каде е потребна, на нзчин на којшто сите вие може да ни се посветувате. Ве замолуваме да не контактирате за се она за кое сметате дека можеме да помогнеме, се вели во обраќањето до јавноста.

Годинашното мото на Светскиот ден на здравјето е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“. Во светот медицинските сестри и акушерки чинат 50 проценти од вкупниот број на здравствени работници. Од вкупно 43,5 милиони здравствени работници, се проценува дека 20,7 милиони се медицински сестри и акушерки. Во земјава околу 7.500 медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се дел од здравствениот персонал. бак/  

 

 
 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја