Утрински Весник
Свет

Уништивме база на странски платеници во Украина, тврдат Русите

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руски ракети со високопрецизни ракети уништија база на странски платеници во регионот Харков, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

„Ракети со висока прецизност лансирани од воздух уништија база на странски платеници во близина на населбата Авдејевка во регионот Харков“, рече Конашенков, а пренесува ТАСС.

Според него, меѓу другите погодени украински цели се девет области каде биле распоредени украински војници и воена опрема и пет позиции за стрелање на единиците опремени со повеќецевни ракетни фрлачи во регионот на Луганск.

„Покрај тоа, уништен е и ракетен систем Бук-М1 во близина на населбата Минковка во Донечката Народна Република“, додаде портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Конашенков, исто така, објави дека руските ракетни и артилериски сили уништиле два повеќецевни ракетни фрлача „Град“ и девет парчиња оружја на терен, како и складиште за гориво, заедно со елиминацијата на, како што рече, над 300 националисти.

Можете да прочитате

Пентагон: Кина распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра

Кина: САД „сериозно го кршат“ меѓународното право со запленувањето бродови