Утрински Весник
Македонија

Уништена урбана опрема во Македонска Каменица

Уништена урбана опрема во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 15 јуни 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица повторно е забележан вандализам, овојпат цел била урбаната опрема во центарот и во периферните делови на градот, информираат надлежните.
-Во последниот случај уништени се вградени светилки на заштитната украсна ограда околу средното училиште „Миле Јаневски-Џингар”. Пред само неколку дена, исто така информиравме за уништена урбана опрема на улицата „Гоце Делчев”. Сето ова говори за вандализам кој се повторува и за кој некој мора да одговара, велат надлежните.
Реакциите на граѓаните не стивнуваат по зачестените пријави за ваквото недолично однесување на поединци. Велат дека појавата станува честа во градот, особено во викенди, во текот на вечерните часови.
Според жители од центарот на градот, често има групирање особено на млади луѓе кои ги користат јавните простори за консумирање алкохол до доцните ноќни часови, по што останува неред од расфрлена амбалажа. Групирањата, велат, се најчести во градските паркови и на кејот на Каменичка Река.
Покрај вандализмот пред неколку дена, во Македонска Каменица често  цел на напад од поединци беа и домашни миленици – кучиња и мачки, од кои дел беа отруени. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ