Утрински Весник
Свет

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат скоро две милијарди дози вакцина за Ковид-19 следната година, објави Агенцијата за деца на ООН.УНИЦЕФ објави дека соработувала со 350 авиокомпании и логистички компании за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини на СЗО.

„Ќе соработуваме на овој план за да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.

Целта на Ковакс – проект заеднички предводен од СЗО, групата ГАВИ и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност – е да спречи одделни земји да акумулираат залихи на вакцини за Ковид-19 и да обезбеди вакцини за сите најранливи групи во сите земји.

Лидерите на 20-те најбогати земји во светот собрани на Г-20 на виртуелниот состанок во саботата и неделата ветија дека ќе обезбедат фер дистрибуција на вакцини, лекови и тестови, за да не останат изоставени сиромашните земји. Дури и пред да започне пандемијата, пристапот до вакцината не беше ист за сите, бидејќи околу 20 милиони бебиња не можеа да бидат вакцинирани што ќе ги заштити од сериозни болести, попречености или смрт, соопшти СЗО.

„Потребна ни е целата достапна помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

И покрај сегашната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози рутински вакцини секоја година во скоро 100 земји. Се очекува до крајот на оваа година здравствените регулатори да ги одобрат првите вакцини за Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња