Утрински Весник
Македонија

Универзитетот во Тетово и покрај пандемијата спроведува успешен наставен процес

Универзитетот во Тетово и покрај пандемијата спроведува успешен наставен процес

Тетово, 11 јуни 2020 (МИА) – Универзитетот во Тетово смета дека наставниот процес спроведен за време на пандемијата е успешен. Од таму соопштуваат дека и покрај околностите предизвикани од пандемија постојано се придржуваале до препораките на Комисијата за заразни болести, со цел да се одржи оддалеченоста и наставата.

– Досега, во сите академски единици успешно се реализирани 39.500 часови на предавање преку Интернет, во првиот и во вториот циклус, со 223.000 вклучувања на активни учесници (студенти) на сите часови во текот на пролетниот семестар. За потребите на изведување на практична работа и лаборатоски вежби беа организирани часови и со физичко присуство. Беа преземни сите неопходни мерки, подготвувајќи конкретни упатства и обука за студенти и наставници, во врска со спроведувањето на тестирање преку Интернет, со соодветна и практична платформа и одржување на интензивен контакт со студентите и професорите на им беше потребна техничка поддршка, соопштуваат од Универзитетот во Тетово.

Со интернет-платформата за испити обезбедена е поддршка за сите предмети.

И покрај скептицизмот за оценување преку Интернет кај нас, загриженоста од непознатото, оваа форма на тестирање стана ново искуство во согласност со другите престижни универзитети, па создаде нови навики за работа, но воедно и подигнување на повисоко професионално академско ниво. Универзитетот во Тетово високо ја цени посветеноста на студентите и професорите за успешна работа направена во текот на пандемиската состојба, потенцираат од тетовската високообразовна институција. ас/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски