Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Универзитетите ќе ја топат сантата мраз меѓу Скопје и Софија

Универзитетите ќе ја топат сантата мраз меѓу Скопје и Софија
Img 7972

Во Софија се оствари средба на Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ од Софија, Анастас Герџиков и Проректорот на Униврзитетот„Св.Климент Охридски„ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје, Марјан Ѓуровски.

Обајцата констатираат дека Универзитетите имаа можност со заеднички активности, истражувања и проекти значајно да придонесат кон стопување наголемата санта мраз која е исправена пред двете државии возобновување на меѓусебната доверба имајќи во предвид дека соработката меѓу универзитетите од двете држави се одвива на ниво на взаемно почитување, заклучија на средбата Ректорот Герџиков иПроректорот Ѓуровски.

Ректорот на Софискиот Герџиков и Проректорот на Битолскиот Универзитет Ѓуровски меѓу другото разговараа за имплементацијата на Заедничкиот меморандум на соработка меѓу двата Унверзитет, кој пред шестнаесет месеци беше потпишан од Сашо Коруновски Ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и Ректорот на софискиот Универзитет Анастас Герџиков со посебен акцент на Еразмус плус програмата.

Двата државни Универзитети се очекува да ги интензивираат контактите и размената на професори и студенти од двете држави во функција на негово интензивирање преку одржување на заедничкиконференции, активности и истражувања, како и изнаоѓање на механизми за подготовка и апликацијана проекти поддржани и финансирани од програмите на Европската унија.

Софискиот и Битолскиот Универзитет ќе организираат заедничка македонско-бугарска Универзитетска школа за студенти и професори од двете држави,а со поддршка од меѓународни фондации во Скопје.

Софискиот Универзитет ги понуди на користење за македонските професори и студенти од Битолскиот Универзитет на сите лабаратории и информатична опрема што ги поседуваат во делот развивањето на сајбер програмите. Од друга страна Универзитетот од Софија искажа голем интерес за лабараториите кои ги има и користат единиците на Битолскиот Универзитет. Меѓу другото на средбата меѓу Герџиков и Ѓуровски се потврди взаемниот интерес за креирање и спроведување на заеднички студиски програми и искористување на сите можности на програмата Еразмус плус.

Во рамки на работната посета на Софија проректорот Марјан Ѓуровски одржа предавање на тема „Безбедносните ризици за Северна Македонија и Западните Балкани: регионални предизвици и приоритети„. Регионалната соработка има влијание врз безбедноста во регионот и Западниот Балкан и понатаму се соочува со теми и отворени спорови кои имаа потенцијал да предизвикаат нестабилност, смета универзитетскиот професор Ѓуровски.

Проректорот Ѓуровски зема учество на ЕУ проектот „Превекс„ финансиран од програмата „Хоризонт 2020„ за научни иустражувања и иновации. Посебен акцент на меѓународниот семинар од негова страна беше ставен на факторите, контекстите и развивањето на насилниот екстремизам низ призмата на јавните политики и стратегии. Важен процес според професорот Ѓуровски е дерадикализацијата и ресоцијализацијата на лицата странски борци повратници или радикални поединци кои злоупотребувајќи ја верата може да направат безбедносни проблеми во земјата и пошироко. Меѓу другото беше искажано загрижување за појавата на политички екстремизам и радикализам кој по земјите од Европската унија има индиции за појава и во земјите на Балканот.

Можете да прочитате

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче