Утрински Весник
Македонија

УНЕСКО повторно препорача Охрид да се стави на листата на светско наследство во опасност

Сончево време со температури над 30 степени
Dik 300x250 mk

Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на 125 страници, на Реактивната мониторинг мисија која го посети Охридскиот регион во јануари минатата година. Најновиот извештај, повторно, укажува дека Охридскиот регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност.

Во извештајот се бара забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите во Македонија и Албанија, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето, пренесе „Дојче веле“.

Заклучокот на Мисијата е дека препораките за надминување на ранливоста и заканите дадени уште во 2017 година не се исполнети, а се појавуваат и нови.

Се наведува дека пописот на дивоградбите е чекор напред, но рушењето на бесправно изградените објекти се одвива многу бавно. Се бара да се забрза рушењето на терасите изградени на брегот на Охридското Езеро кои на места навлегуваат и во езерските води. Вакви појави се забележани не само во Охрид, туку и во Струга, каде како пример се посочува Радожда, со најголем број на изградени ресторани на крајбрежјето.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да одговара секој кој ќе биде фатен во корупција или криминал

Приведени две лица од гостиварско, пронајдена дрога

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти