Утрински Весник
Свет

Унгарски политичар: Брзиот прекин на огнот во Украина е единствената шанса на Европа да избегне рецесија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарија повика на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

И тоа, Унгарија предупредува дека долготрајниот конфликт ќе предизвика економска криза која ќе ги загрози владите ширум Европа, пишува „Фајненшл тајмс“.

„ Брзиот прекин на огнот е единствената шанса на Европа да избегне рецесија“, рече Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, предвидувајќи дека другите влади на ЕУ ќе престанат да даваат воена поддршка за Украина и ќе инсистираат на брз прекин на конфликтот во следните неколку месеци.

Будимпешта долго време беше најблискиот партнер на Москва во ЕУ и предизвика фрустрација во Брисел од почетокот на војната поради нејзината неподготвеност да ги прекине сите врски со Русија и да му даде недвосмислена поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД