Утрински Весник
Свет

Унгарија ја продолжи вонредната состојба, Орбан доби посебни овластувања

Унгарија ја продолжи вонредната состојба, Орбан доби посебни овластувања

Унгарскиот парламент повторно ја продолжи вонредната состојба, што ѝ овозможува на владата да издаде извршни одредби и да го заобиколи парламентот при усвојување мерки против сузбивање на коронавирусот.

Парламентот во Будимпешта гласаше за продолжување на вонредната состојба до есен.

Ова обезбедува рамка што ѝ овозможува на владата да донесува одлуки што вообичаено треба да бидат одобрени од законодавниот дом.

Премиерот Виктор Орбан (десница) рече дека продолжувањето е оправдано затоа што мерките што важат истекуваат на 22 мај.

Опозицијата ја обвинува владата за злоупотреба на вонредната состојба создадена од пандемијата за донесување одлуки кои немаат никаква врска со борбата против Ковид-19.

Унгарија прво прогласи вонредна состојба од 15 дена на почетокот на ноември и оттогаш двапати ја продолжи.

Критичарите го обвинуваат националистичкиот премиер Орбан за злоупотреба на овластувањата што му ги овозможи вонредната состојба за растење на корупцијата и укинување на автономијата на универзитетите.

Стапката на инфекција со ковид-19 опаѓа во Унгарија, но инциденцата – процентот на заразени на 100.000 жители во последните две недели – неодамна беше меѓу највисоките во ЕУ, со 193,66 случаи.

Досега се вакцинирани околу 5,7 милиони Унгарци од вкупно 10 милиони жители, од кои 2,7 милиони добиле втора доза.

Унгарија има висока стапка на вакцинација и поради недоволно дози ја набави и руската вакцина „спутник“ и кинеската „синофарм“, кои сè уште не се одобрени од регулаторот на Европската Унија.

Можете да прочитате

Над 200 загинати во поплавите во Шпанија

Поранешен фудбалер на Валенсија го загуби животот во поплавите во Шпанија

Се урна дел од Железничката станица во Нови Сад – има повредени