Унгарија пред 20.000 домашни навивачи во Будимпешта, стигна до драматична 31:30 (14:15) победа над Португалија за да ги заддржат шансите за пласман во втората рунда на Европското првенство на кое се ко-организатори, откако во првиот меч од групата Б загубија од Холандија.
Португалците имаа фантастично прво полувреме, по кое имаа гол предност (15:14), и иако Унгарија направи три гола разлика на 10 минути пред крајот (27:24) финишот беше крајно неизвесен. На минута пред крај, Мате Лекаи постигнува гол за 30:29 водство, по што португалскиот селектор Пауло Переира побара тајмаут. Со седум ракометари на теренот, Португалците со 23 секунди на часовникот израмнуваат преку Дајмаро Салина, по што Иштван Гуљас побара тајмаут на 12 секунди пред крајот. Клучен човек за Унгарците беше Доминик Мате во последните секунди.
Проблеми, барем во првото полувреме, имаа и Германците, но на крајот стигнаа до 34:29 победа над Австрија, триумф кој ги носи на првото место во групата Д со две победи и со меч против Полска во последното коло.
ЕП РАКОМЕТ 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА
ГРУПА Б
Унгарија – Португалија 31:30 (14:15)
Исланд – Холандија 20.30 ч.
ГРУПА Д
Германија – Австрија 34:29 (15:16)
Белорусија – Полска 20.30 ч.
?♂️ ¡¡Mathé, héroe nacional!! Ese balón lo lanzaron los 20.00 espectadores del MVM Dome de Budapest. ¡Hungría sigue viva!
?? Portugal 30
?? Hungría 31 pic.twitter.com/omiS8AmVF3
— Teledeporte (@teledeporte) January 16, 2022
> Унгарија со гол на 7 секунди пред крај до победа над Португалија! <