Утрински Весник
Свет

Унгарија повторно воведува вонредна состојба поради ширењето на вирусот

Унгарија повторно воведува вонредна состојба поради ширењето на вирусот

Унгарија на полноќ воведува вонредна состојба и полициски час поради зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19, што се заканува со преоптоварување на болниците, рече премиерот Виктор Орбан.

„Време е да преземеме нови мерки за да можеме да ја зачуваме функционалноста на нашите болници и да ги заштитиме животите на старите лица“, кажа Орбан во видео објавено на „Фејсбук“.

Вонредната состојба што ќе и овозможи на владата да управува преку извршни уредби стапува на сила на полноќ, додаде премиерот.

„Треба да ја оставиме настрана политичката дебата, потребна ни е брза акција и навремено дејствување“, рече тој, додавајќи дека во спротивно болниците може да бидат преоптоварени до средината на декември.

Орбан рече дека ќе побара од парламентот да го потврди воведувањето вонредна состојба на 90 дена и да воведе полициски час што ќе трае од полноќ до 5 часот.

Во Унгарија денеска 84 лица починаа од Ковид-19, со вкупно 1.973 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

Податоците на Европскиот институт за превенција и контрола на болести (ECDC) покажуваат дека Унгарија во вторник била на третото место во Европа според бројот на починати на милион жители, по Чешка и Белгија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема

Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску