Утрински Весник
Свет

Унгарија е прва земја од ЕУ во која стигнаа кинески вакцини

Унгарија е прва земја од ЕУ во која стигнаа кинески вакцини

Авион со 550.000 дози вакцини од кинеската државна компанија „Синофарм“ денеска слета во Будимпешта од Пекинг. Станува збор за испорака доволна за вакцинација на 275.000 луѓе, рече на прес-конференција раководителката на Одделот за епидемиологија на Националниот здравствен центар, Агнес Галгочи.

Унгарија очекува да добие вкупно пет милиони дози од вакцината на „Синофарм“ во следните четири месеци. Будимпешта се обиде да обезбеди вакцини од земји надвор од заедничката програма за набавка на ЕУ, тврдејќи дека доцнењето во спроведувањето на програмите за вакцинација чини животи.

Вакцината на „Синофарм“, за која производителот вели дека е ефикасна речиси 80 проценти, веќе се користи во соседна Србија.

Унгарија исто така се согласи да набави два милиона дози од руската вакцина спутник В, која болниците во Будимпешта започнаа да се дава минатата недела.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење