Утрински Весник
Економија

УНВТО: Се очекува пад на туризмот во светот за 70 отсто

УНВТО: Се очекува пад на туризмот во светот за 70 отсто
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Њујорк, 27 мај 2020 (МИА)Глобалниот туризам се очекува да падне за 70 проценти оваа година во однос на претходната, изјави денеска шефот на Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО).

– Претходните глобални кризни ситуации доведоа до пад на туризмот од 10 до 20 проценти, но пандемијата Ковид-19 е полоша, рече генералниот секретар на УНВТО, Зураб Пололикашвили на видео конференција за новинари со говорници во Мадрид, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој рече дека ова лето поголем број луѓе ќе патуваат по копнен пат отколку со авиони, како и тоа дека планинскиот туризам ќе биде поактуелен од плажите.

УНВТО очекува меѓународните летови повеќе да продолжат во септември доколку вирусот биде под поголема контрола до тогаш.

Пололикашвили рече дека Европа ќе се смета за модел што треба да се следи, затоа што е најпосетуван регион и најдобро подготвен поради нејзината здравствена инфраструктура.

Според него, таканаречените „зелени коридори“ што ќе овозможат насочено патување меѓу два региона, во различни земји, кои покажале ниска стапка на инфекција со коронавирус, би можеле да бидат првиот чекор кон рестартирање на меѓународниот туризам. паг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Нелогични трансaкции од 2 милиони, неисплатени добивки од над еден милион евра – Ревизија откри хаос во Државна лотарија

Дијаспората во Македонија лани испратила 310 милиони евра