Утрински Весник
Македонија

Уметникот Рејан Етеми нацрта мурал посветен на лекарите на влезот во Тетово

Уметникот Рејан Етеми нацрта мурал посветен на лекарите на влезот во Тетово

Тетовскиот уметник, Рејан Етеми нацртал мурал на влезот во Тетово, во чест на лекарите и медицинскиот персонал, пишува „Порталб.мк“.

Во овој дел од градот порано имаше написи со говор на омраза, како „смрт за шиптари“. Наспроти ова, деновиве, сите што ќе го посетат Тетово ќе наидат на нов мурал создаден од уметникот Рејан Етеми.

Тој го направил ова за да искаже посебна почит за сите здравствени работници, кои во текот на борбата со пандемијата на корона вирусот беа на првата линија на фронтот.

Пред неколку недели, „Порталб.мк“ имаше интервју со уметникот Рејан Етеми, тој рече дека со уметност почнал да се занимава од мали нозе. До денес, тој има нацртано мурали во многу европски земји, а има и организирано свои изложби во земјите на Балканот.

„Следете го сонот, без сништа нема каде да одите, ако работиш ќе имаш и смелост и тоа сигурно успева“, ова беше неговата порака од тоа интервју.

Уметникот Рејан Етеми во 2019 година отворил свое ателје под име „Малото Ателје“ што се наоѓа во Тетово, каде може да ги видите или да ги купите неговите уметнички дела.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!