Скопје, 1 мај 2020
Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година , за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/221 е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки