Уличен уметник во Њујорк, се одлучи на необичен потег. Тој црта „најлоши портрети“ кои чинат само 3 долари, а своите дела ги објавува на својот Инстаграм профил со наслов „многу лоши портрети“ (really_bad_portraits). И, се разбира, тој е многу популарен, а луѓето едноставно полудеа по неговата работа.
View this post on Instagram
Порталот „My Modern Met“ пишува дека сè започнало во септември 2020 година, кога уметникот седнал покрај фонтаната во паркот Вашингтон со натпис „Навистина лоши портрети за само 3 долари (по лице)“. На неговиот канал на Јутјуб може да се најде и видео, направено пред две години, на кое се гледа како изгледа неговата рутина со цртање. Рики Браун со маркер црта портрети на заинтересирани минувачи, кои потоа ги фотографира со портретот во раце.
За неколку години Браун стана доста популарен. Така, сега може да се најде секоја недела во Големиот пазар во Њујорк, а луѓето доаѓаат да им направи портрет. На својот Инстаграм профил, Браун ги поканува своите следбеници: „Најдете ме во Њујорк – тие се ужасни, ветувам!“