Утрински Весник
Македонија

Улиците во Дебар полупразни, во Центар Жупа празни

Улиците во Дебар полупразни, во Центар Жупа празни

Дебар, 13 март 2020 (МИА) – По веста за дополнитело четири нови случаи на заразени од коронавирус во Дебар и Центар Жупа, со што бројот во овие две општини се зголеми на 11 лица, во двете општини улиците се празни, пред се во Центар Жупа.

Во Дебар веќе се затворени сите кафулиња и услужните деловни објекти, по улиците може да се забележи по некое возило, а граѓаните излегуваат само за неопходна потреба.

– Во текот на вчерашниот ден имавме зголемен промет, пред се граѓаните купуваа брашно, тестенини, масло за јадење и други прехранбени артикли, како и производи за одржување на хигена, велат сопственците на трговски објекти.

Во неколкуте аптеки се зголемила побарувачката за заштитни маски и средства за дезинфекција.

Грдоначалникот Хекуран Дука на денешната прес-конференција побара да бидат затворени сите објекти, освен маркетите и аптеките.

– Во Центар Жупа речиси и нема никакво движење.Трите кафулиња се затворени, образовните институции не работат, локалната администрација работи со редуциран персонал, но нема никаков интерес за одредена услуга. Жителите веќе не одат во домашни посети, вели Фехми Скендер, претседател на Општинскиот кризен штаб.

Жителите се во очекување за детално објаснување на тоа што за нив би значело кризна состојба. вт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер