Утрински Весник
Македонија

Улица „Бојмија“ во населба Острово станува еднонасочна

Улица „Бојмија“ во населба Острово станува еднонасочна

Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово, зад Трговскиот центар „Скопјанка“, во правец кон Железничката станица.

„Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Од идната недела ќе почне воспоставувањето на новиот сообраќаен режим и на улиците во населбата Лисиче, со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, што ќе овозможи зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување, се стекнал со противправна имотна корист 31.433.522,00 денари