Утрински Весник
Свет

Украле 300 килограми апсарагус од нива во Германија

Украле 300 килограми апсарагус од нива во Германија

Непознати крадци украле 300 килограми аспарагус од поле во германската сојузна држава Хесен. Полицијата соопшти дека станува збор за професионалци.

Не само што правилно го ископале аспарагусот, туку ги затвориле дупките од кои растат откако завршиле со работата.

Кражбата, откриена во понеделникот, најверојатно е извршена во петокот вечерта, а истражителите ја процениле штетата на 3.000 евра.

Ограбениот терен се наоѓа во предградие на Мајнц.

Аспарагусот е познат по тоа што е многу здрав зеленчук, но изискува многу за одгледување, а во исто време е и скап.

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота