Утрински Весник
Свет

Украинци: Руска граната погоди резервоар со 50 тони амонијак

Украинци: Руска граната погоди резервоар со 50 тони амонијак

Пристигнуваат нови информации за истекување на амонијак од хемиска фабрика во близина на градот Суми. Како што се наведува, истекувањето на амонијакот е отстрането, а сега пристигнуваат нови информации за тоа што довело до истекување на тој опасен гас.

Украинските власти соопштија дека резервоарот со 50 тони отровен гас бил оштетен кога фабриката „Сумихимпром“ била погодена од руска граната. Ударот на граната создаде облак од амонијак.

Облакот покрил површина од околу 2,5 километри, изјави гувернерот на регионот Суми, Дмитро Живицки, додавајќи дека во нападот е повреден работник во фабриката.

На жителите на блискиот град Новоселица им било кажано да бараат засолниште бидејќи ветерот носи облак од амонијак во нивна насока.

Амонијакот се користи во производството на ѓубрива. Ако се вдиши, може да предизвика болка, оштетување на дишните патишта и повреди на очите.

Можете да прочитате

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос