Утрински Весник
Свет

Украинците со молотови коктели и калашникови: „Ќе убиеме стотици од нив ако треба“

Украинците со молотови коктели и калашникови: „Ќе убиеме стотици од нив ако треба“
Dik 300x250 mk

Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. По патиштата во Киев се појавија билборди на руски јазик: „Не станувајте убијци“, „Дојди дома“, пишуваат медиумите.

Дополнуваат, дека зад поставените барикади, жителите на главниот град на Украина уверуваат дека „ќе му одржат лекција на непријателот“.

Во тоа е сигурен и Андриј Иванјук, комичар и режисер од Киев. Тој ги одвел сопругата и детето на безбедно пред да се врати да се бори во Киев, ја пренесуваат неговата приказна агенциите.

„Русија не е дома овде, никогаш не била“, рекол 30-годишникот. „Нашата земја ќе биде нивниот гроб“, додал тој.

„Ќе ги пречекаме со молотови коктели, куршуми во глава, така ќе ги пречекаме“, изјавил Виктор Рудниченко, банкарски службеник, според новинарски напис.
„Единственото цвеќе што ќе го добијат од нас ќе биде за нивниот гроб“, додал 30-годишникот.

Во новинарските извештаи се анализира дека краткиот одмор, благодарение на преговорите меѓу двете земји на белоруската граница, им дал можност на жителите на Киев да организираат одбрана откако беа шокирани од руските напади.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија