Утрински Весник
Свет

Украинците објавија фотографии: Русите користат забранет бел фосфор

Украинците објавија фотографии: Русите користат забранет бел фосфор

Градоначалникот на Ирпин, град во близина на Киев, тврди дека руските сили синоќа користеле забранет бел фосфор.

Тој објави и фотографија, за која тврди дека е направена синоќа во близина на Ирпин и Хостомел, кои се наоѓаат северно од Киев.

Ова не е прв пат Украинците да ја обвинат Русија дека користи забранет бел фосфор.

Вчера, како што јави Ројтерс, украински функционер изјави дека руските сили користеле фосфор во градот Краматорск во Доњецк.

Алексеј Билошицки, првиот заменик-началник на киевската национална полиција, во објава на Фејсбук напиша: „Уште една употреба на фосфорна муниција во Краматорск.

Белиот фосфор рутински го чуваат армиите ширум светот и легално се користи во борбите како димна завеса во текот на денот и како осветлување на областите ноќе.

Но, нелегално е да се користи против цивили бидејќи предизвикува сериозни и исклучително болни изгореници во контакт со кожата. Употребата на бел фосфор во цивилни области е забранета, меѓу другото, со Женевската конвенција.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ e партија која никогаш не презеде одговорност за трагедиите на Албанците

Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел

Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении