Утрински Весник
Свет

Украинците објавија дека во борбите во Доњецк загинала мајка на 12 деца

Украинците објавија дека во борбите во Доњецк загинала мајка на 12 деца

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека 48-годишната Олга Семидјанова била убиена во борбите со руските сили во областа Доњецк.

Од 2014 година работи како воен лекар. Министерството објави и дека таа е мајка на 12 деца, од кои шест посвоила. Таа беше добитничка и на наградата „Мајка на хероината“, која се доделува на мајки со повеќе од пет деца.

Веста за нејзината смрт на 3 март ја објави и една од нејзините ќерки на социјалните мрежи.

Киев Индипендент пишува дека поминале 14 дена од нејзината смрт, а несреќната жена се уште не е погребана. Имено, поради жестоките борби во околината, семејството не може да го организира погребот.

– Знаеме каде е убиена мајка ми, но не знаеме кому да се обратиме за да го донесеме телото дома. Не знаеме дали е погребана таму – изјавила нејзината ќерка Ана.

Можете да прочитате

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија