Утрински Весник
Свет

Украинците објавија видео со детали за наводниот хемиски напад во Мариупол

Украинците објавија видео со детали за наводниот хемиски напад во Мариупол

Полкот Азов, кој се бори против руските сили во опколениот Мариупол, денеска на „Телеграм“ објави видео со детали од синоќешниот наводен хемиски напад.

Во видеото се наведени симптомите за кои војниците тврдат дека страдаат од руската употреба на хемиско оружје. Меѓу симптомите, тврди Азов, се хиперемија (зголемено количество крв во вените), висок крвен притисок, воспаление на фаринксот и мукозните мембрани на очите, слабост и треска. Некои споменуваат и тахикардија.

Некои од борците на видеото споменуваат присуство на бел чад при нападот и наведуваат дека веднаш ги почувствувале последиците, поради што некои од нив веднаш колабирале. Еден сведок рече дека ја слушнале експлозијата и тргнале да истражат за што станува збор.

Можете да прочитате

Де Вевер: ЕУ не може да бара од Белгија да го направи невозможното

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија