Утрински Весник
Свет

Украински гувернер: Русите оставаат смртоносни замки во близина на Харков

Украина денеска објави дека нејзините сили ослободиле неколку градови во близина на Харков, вториот по големина град во земјата.

Харков во моментот е под силен напад, а во регионот се водат тешки битки, изјави гувернерот на регионот, Олег Синегубов. Харков беше цел на руски напади од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари.

Синегубов предупреди дека руските сили оставиле смртоносни замки во регионот за време на повлекувањето и ги повика жителите да останат засолнети, односно да не брзаат кон новоослободените области.

„Непријателот е подмолен и прави сè за да убие и рани што е можно повеќе украински цивили“, објави Синегубов на „Твитер“.

„Денес непријателот беше истиснат уште подалеку од Харков, а окупаторите сега имаат уште помалку можност да пукаат во центарот на регионот“, додаде гувернерот.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери 

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов