Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украински вооружени сили: Соборивме четири руски авиони за еден ден

Украински вооружени сили: Соборивме четири руски авиони за еден ден
Img 7972

Украинските вооружени сили тврдат дека во еден ден собориле четири руски авиони.

Тоа го напишаа во нова објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека им нанеле погубни удари врз руските теренски бази и магацини. Се додава дека тоа ќе го наруши системот на логистичка поддршка на непријателот на територијата на Украина, која е привремено окупирана.

Украина тврди дека за 24 часа уништила четири руски авиони, три хеликоптери и бројни дронови.

Се додава дека Русија немала значителен успех во својата офанзива во неделата и дека главните напори на Москва биле насочени кон консолидирање и задржување на претходно окупираните граници.

Украина соопшти дека Русија користела цивилна инфраструктура, вклучително и религиозни објекти, за да опреми позиции, распореди оружје и воена опрема.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа