Утрински Весник
Свет

Украинските авиокомпании префрлаат авиони во странство – два пристигнуваат во Белград

Украинските авиокомпании префрлаат авиони во странство – два пристигнуваат во Белград

Најголемата авиокомпанија во Украина – UIA (International Airlines of Ukraine) почна да ги повлекува авионите во странство по барање на закуподавачите, пренесува avianews.com на својата веб-страница.

Според порталот кој објавува вести за украинската авијација, шест авиони на таа авиокомпанија полетале од аеродромот Бориспол во Киев кон аеродромите во Белград и градот Кастелон во Шпанија.

УИА објави дека на барање на закуподавецот испраќа пет авиони Боинг 737-800 во Шпанија, а уште два авиони во Белград за „планирано одржување на моторот“.

Оваа ситуација настана затоа што осигурителните компании на 12 февруари најавија дека ќе престанат да ги покриваат ризиците за време на летот над Украина.

Според avianews.com, проблемот влијае на 23 авиони во флотата на три украински авиокомпании – MAU, SkiUp и Bees Airline.

На 13 февруари, за време на летот од Португалија за Киев, нискобуџетната авиокомпанија SkiUp мораше да го приземји авионот во Кишињев, бидејќи сопственикот на авионот и забранил на авиокомпанијата да влезе во воздушниот простор на Украина.

Украинската влада вчера издвои 16,6 милиони гривни (околу 592 милиони долари) за да гарантира продолжување на летањето низ украинскиот воздушен простор, објави премиерот на таа земја Денис Шмигал откако некои западни авиокомпании објавија дека ќе престанат да летаат за Украина поради тензија со Русија.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина