Утрински Весник
Свет

Украинскиот министер за здравство: Најмалку 60 болници се оштетени од руските напади

Украинскиот министер за здравство: Најмалку 60 болници се оштетени од руските напади

Украинскиот министер за здравство, Виктор Лиашко, изјави дека во последните две недели од почетокот на руската инвазија на Украина, најмалку 60 болници биле оштетени од руските воздушни напади и гранатирање, пренесува „Скај њуз“.

Тој додава дека пет здравствени работници биле убиени.

Украинската страна вчера објави дека три лица загинале кога руски проектил го погодил породилиштето во Мариупол. Сепак, руската армија тврди дека нападот на родилиштето и детската болница во Мариупол бил „претстава во режија на украинските националисти“.

„Руската авијација не изврши никаква мисија за уништување цели во регионот на Мариупол“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

„Наводниот воздушен напад е целосна режија извршена со цел да се провоцира и да се одржи антируското расположение во јавноста на Запад“, рече тој.

 

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска