Утрински Весник
Спорт

Украинскиот „воин“ Усик повторно со лекција за Џошуа за одбрана на титулите

Олександер Усик покажа дека заслужено е „крал“ на тешката категорија, откако ги одбрани своите ВБА, ВБО и ИБФ титули во уште една лекција за Ентони Џошуа, овојпат во Саудиска Арабија, за победата да ја посвети на својата татковина.

dobivaj vesti na viber

„Оваа победа е за мојата земја, моето семејство, мојот тим и за војниците кои ја бранат мојата земја. Ви благодарам многу“, изјави Усик по победата.

По петмесечниот тренинг камп, Усик влезе во рингот со маичка на која пишуваше „Боите на слободата“ со боитен а украинското знаме, и таму го најде Џошуа со поинаков план од првиот меч – со новиот тренер Роберт Гарсија, Џошуа тргна агресивно и го оддржуваше притисокот во првите девет рунди, пре Усик да доминира во 10. рунда и да го има противникот на јажињата. Последните две рунди беа поизрамнети, но на крајот победата на поени ја освои Украинецот со 115:113, 116:112 и 113:115.

Единствена титула која му недостасува на Усик сега е ВБЦ појасот, кој е кај Тајсон Фјури, кој по вторпат најави дека ја завршува кариерата.

„Сигурен сум дека Тајсон Фјури не е пензионирн. Сигурен сум дека тој сака да влезе во рингот со мене. Ако не боксувам со Тајсон Фјури, воопшто нема да боксувам“, изјави Усик.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина