Украина се подготвува да го нападне црноморскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година и е дом на руската Црноморска флота, изјави владин претставник.
„Имаме противбродски способности и порано или подоцна ќе ја таргетираме флотата“, изјави украинскиот министер за одбрана Володимир Хаврилов за „Тајмс“ за време на неговата посета на Лондон.
„Русија ќе мора да го напушти Крим ако сака да постои како држава“, рече тој. Хаврилов додаде дека ослободувањето на Змискиот остров, кој беше окупиран од Москва во раните денови на инвазијата, е првиот чекор.
Кремљ: Ова ја потврдува потребата од специјална операција
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше велејќи дека изјавите на Хаврилов ја потврдуваат неопходноста од „специјална воена операција“ како што официјално се нарекува војната во Русија.
„Ова е единствениот начин Украина да се ослободи од таквите претставници на раководството“, рече Песков, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.