Утрински Весник
Свет

Украина: Ситуацијата во Мариупол е критична, постои опасност од зарази

Советник на градоначалникот на Мариупол изјавил дека недостигот на вода за пиење го достигнал критичното ниво.

Петро Андриушченко кажал дека луѓето мора да се регистрираат за да добијат вода за пиење и дека можат да ја добијат само на секои два дена.

Основната инфраструктура и услугите како што се вода, гас и струја допрва треба да се вратат во градот по долгата опсада од страна на руските сили, изјавил тој.

„Количината на вода порано беше мала, но сега е целосно намалена. Потребно е да се регистрирате во ред. Наскоро температурата ќе се зголеми, нивото на водата ќе опадне, а вода ќе има се помалку“, изјавил Андриушченко, пренесува Си-Ен-Ен.

„Без вриење, оваа вода не може да се пие, а освен отворен оган, нема друг начин да се вари. Луѓето ја користат таква каква што е, што е дополнителен ризик“, кажал Андриушченко. Од друга страна предупредил дека има бројни трупови од починати луѓе кои се закопани во плитки гробови низ градот.

Тој оценил дека е тешко да се предвиди каква епидемија му се заканува на Мариупол, предупредувајќи на опасноста од појава на колера или некоја друга вирусна инфекција на гастроинтестиналниот тракт.

„Дизентеријата може да убие десетици луѓе. Има недостиг од лекови, лаборатории, вакцини, сè на што сме навикнати во Мариупол“, изјавил Андриушченко.

Можете да прочитате

Иран го егзекутира иранско-германскиот затвореник Шармад, обвинет за тероризам

Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина

Објавена фотографија од атентаторот во Австрија, пукал од 500 метри оддалеченост?!