Утрински Весник
Свет

Украина: Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол

Dik 300x250 mk

Силна експлозија одекна денеска во центарот на Мелитопол, на југот на Украина, кој е под контрола на руските сили, најави членот на главниот совет на воено-цивилната управа на областа Запорожје, Владимир Рогов.

Тој напиша на Телеграм дека центарот на градот е исполнет со облаци од црн чад, но не наведе дали има повредени и што ја предизвикало експлозијата.

Член на главниот совет на воено-цивилната управа на регионот Запорожје оцени дека експлозијата е терористички напад, а според неговото тврдење одговорен за тоа е Киев, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија