Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил

Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил
300x250 opst2

Украинскиот министер за енергија Херман Халушенко изјави дека земјата прави се’ што е во нејзина моќ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил што е можно поскоро.

Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето на потрошеното нуклеарно гориво, пренесува Си-Ен-Ен.

Халушенко објасни дека има неколку далноводи за електраната, а последниот е уништен како резултат на гранатирање цивили вчера.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека добила известување од Украина дека Чернобил останал без струја, но дека не гледа дека е загрозена безбедноста на електраната.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот