Утрински Весник
Свет

Украина: Русија утрово изврши уште еден чин на нуклеарен тероризам

Русија истрела крстаречка ракета „критично ниско“ над нуклеарна централа во јужна Украина, објави украинскиот државен оператор „Енергоатом“.

„ Русија продолжува да се заканува на безбедноста на нуклеарните централи во Украина и му се заканува на светот со нова нуклеарна катастрофа“, се вели во соопштението.

„ Русија изврши уште еден чин на нуклеарен тероризам – во 5:30 часот руска крстосувачка ракета, слична на ракетата „Калибар“, прелета критично ниско над нуклеарна централа на југ. Најверојатно овој проектил е испален во насока на Киев, каде утрово се слушнаа експлозии“, објави Енергоатом.

„ Руските сили сè уште не сфаќаат дека дури и најмал фрагмент од проектил може да предизвика нуклеарна катастрофа и истекување на радијација“, се заклучува во соопштението.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ