Утрински Весник
Свет

Украина: Русите ја зазедоа нуклеарната централа

Украина: Русите ја зазедоа нуклеарната централа
Dik 300x250 mk

Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина објави дека областа на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, била окупирана од руската армија.

Информацијата ја пренесе украинската новинска агенција Укринформ, а на социјалните мрежи ја сподели и украинскиот парламент.

Украинскиот инспекторат за нуклеарна енергија соопшти дека самите реактори во пожарот што избувна по гранатирањето не се оштетени. Како што наведоа, реакторската комора на блок бр. 1, што не влијае на безбедноста на блокот. Системите и елементите важни за безбедноста на нуклеарните централи се во добра состојба. Досега не се забележани промени во статусот на радијација, се вели во соопштението.

Тие соопштија дека нуклеарната централа била гранатирана од руската армија.

Оперативниот персонал ја следи состојбата на погонските единици и обезбедува нивна работа во согласност со барањата за безбедно работење, се наведува исто така.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија