Утрински Весник
Свет

Украина: Русите разнесоа складиште за оружје во близина на нуклеарката Запорожје

Украина: Русите разнесоа складиште за оружје во близина на нуклеарката Запорожје

Украински „Индепендент“ на апликацијата „Телеграм“ сподели информации дека руските војници разнеле складиште за оружје пред нуклеарната централа Запорожје.

Во соопштението на украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“ се вели дека се уште не е јасно дали нивото на радијација е зголемено по експлозијата.

Русија ја презеде контролата над најголемата нуклеарна централа во Европа на 4-ти март, откако беше погодена од гранатирање.

Фабриката, која се наоѓа на околу 550 километри југоисточно од главниот град Киев, произведува околу 20 отсто од електричната енергија во Украина на бреговите на реката Днепар.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија