Утрински Весник
Свет

Украина: Русите го ракетираа Чернихив и погодија две училишта, најмалку 33 мртви

Украина: Русите го ракетираа Чернихив и погодија две училишта, најмалку 33 мртви

Најмалку 33 тела се извлечени од урнатините по руските воздушни напади врз украинскиот град Чернихив, соопштија украинските спасувачки служби. Според претходниот биланс загинале 22 лица.

Спасувачките напори се привремено прекинати поради силното гранатирање на областа. Регионалниот гувернер на Телеграм објави дека се погодени две училишта и приватни куќи. Украинците обвинуваат дека цел на нападот била станбена зона.

Руската инвазија на Украина влезе во својата втора недела.

Влошена е и хуманитарната состојба. Повеќе од еден милион луѓе побегнаа надвор од границите на Украина, а многумина се раселени во земјата.

 

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата