Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина: Пронајдовме остатоци од хемиско оружје

Украина: Пронајдовме остатоци од хемиско оружје
Img 7972

Јуриј Бова, градоначалник на Тростианец во регионот Суми, за украинското радио изјави дека властите пронашле остатоци од хемиско оружје во селото Билка, окупирано од Русија.

Тој рече дека пронашле докази за сарин и други отровни материи, додека британскиот Гардијан пишува дека не може да ги потврди тврдењата на Бове.

„Во селото Билка најдовме остатоци од хемиско оружје сарин и други материи. Откривме ампули. Службата за безбедност на Украина моментално работи на тоа“, изјави градоначалникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Русија подготвува „нова фаза на терор“ и предупреди на можна употреба на хемиско оружје.

Исто така, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека Обединетото Кралство итно ги истражува наводите за хемиско оружје, а портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека извештаите се длабоко вознемирувачки, но вистинити.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври