Утрински Весник
Свет

Украина предупредува: Русија ги надополнува војниците од базите во Грузија

Украина предупредува: Русија ги надополнува војниците од базите во Грузија

За да ги надополни единиците во Украина, Русија преместува војници од базите во Грузија, тврди Генералштабот на украинската армија.

– За да се надополнат вооружените сили на Руската Федерација, единиците на 4-та (Округ Цхинвали, Јужна Осетија) и 7-та (Абхазија) воени бази, кои се дел од Јужниот воен округ, беа префрлени од окупираните територии на Грузија во Украина е Генералштаб на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Според Генералштабот, од 4-та воена база во Украина се формирани и испратени во Украина три баталјонски тактички групи (БТГ) со вкупен број до 1.200 руски и осетиски војници, а од единиците на 7-та воена база.

Генералштабот на вооружените сили на Украина забележува дека руските војници се уште имаат кадровски проблеми, а се наведува и дека „украинските единици во областите на Доњецк и Луганск одбиле четири напади на руските окупатори во изминатите 24 часа“.

Украинските војници уништија седум тенкови, седум оклопни возила, две возила и еден противтенковски топ. Непријателот претрпел жртви, се прецизира во соопштението на украинскиот Генералштаб, пренесе Укринформ.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп