Утрински Весник
Свет

Украина подготвена да ги врати телата на руските војници во Русија

Украинската војска соопшти дека е подготвена да ги испрати телата на руските војници назад во Русија во согласност со меѓународното право, пренесе Ројтерс.

Властите велат дека телата биле натоварени во ладилници по борбите во Киев и регионот Черниговски.

– Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго се придржува до нив, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните мора да ги вратат телата на армијата на друга земја. Украина е подготвена да му ги врати телата на агресорот – изјави Володимир Ламзин, шеф на украинската цивилно-воена соработка.

Тој рече дека неколку ладилници се стационирани во различни региони низ Украина.

Можете да прочитате

Иран ги прогласи европските армии за терористички групи

Денеска нова рунда директни преговори меѓу Русија и Украина

Екстремниот студ и нови бури им се закануваат на источните држави на САД