Утрински Весник
Спорт

Украина објави крај на фудбалската сезона

Украина прогласи крај на фудбалската сезона и донесе одлука никој да не биде прогласен за шампион.

Фудбалот во Украина не се игра од 24.февруари, кога Русија изврши инвазија врз оваа земја.

Последните натпревари се одиграа во декември, кога клубовите заминаа на тримесечна зимска пауза.

Првиот дел од сезоната, на првото место го заврши Шахтјор Доњецк со 47 бода, а зад него е Динамо Киев со два бода помалку.

„Фудбалските клубови од Првата лига го поддржаа предлогот за завршување на сезоната 2021/22 бидејќи не е можно да се заврши првенството поради вонредната состојба.Табелата од 24.февруари е конечна, но никој нема да биде прогласен за шампион“, објави Првата лига на Украина.

Оваа одлука треба да биде одобрена од Извршниот одбор на Украинската фудбалска федерација. Шахтјор и Динамо Киев следната сезона ќе играат во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

> Украина објави крај на фудбалската сезона <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина