Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина: Ни треба повеќе од она што го ветија САД и Британија

300x250 opst2

На Украина и треба многу повеќе од она што го ветија САД и Велика Британија, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ако сака да има какви било шанси да ги порази руските сили, на Украина и се потребни 60 повеќецевни ракетни фрлачи, многу повеќе од неколкуте ветени од САД и Велика Британија“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

Алексеј Арестович, шефот на кабинетот на украинскиот претседател и неговиот воен советник, изјави за Гардијан дека, иако верува дека MLRS е оружје што може целосно да ја промени ситуацијата на теренот, Западот не ветил доволно за да донесе пресврт на бојното поле.

„Колку помалку од нас, толку полоша ќе ни биде ситуацијата. Нашите војници ќе продолжат да умираат, а ние ќе продолжиме да губиме територии, особено ако земјите кои имаат на располагање десетици од овие системи решат да донираат само четири или пет“, рече Арестович.

Британија денеска соопшти дека на Украина ќе и подари неколку MLRS M270, кои имаат домет од околу 80 километри. Соединетите Американски Држави пред неколку дена објавија дека ќе донираат четири слични MLRS со висока мобилност.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари