Утрински Весник
Свет

Украина го потврди повлекувањето на војниците од градот Попасна

„Украинските трупи се повлекоа од Попасна, на истокот на земјата“, изјави денеска гувернерот на Луганската област Сергеј Хајдај, потврдувајќи ги претходните информации дека градот е окупиран.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека неговите војници презеле контрола над поголемиот дел од Попасна, пренесува Ројтерс

Гувернерот на Луганск Сергеј Хајдај изјави дека украинските војници се повлекле за да заземат повеќе утврдени позиции и додаде дека во градот „се е уништено“.

Можете да прочитате

ЦДУ и АфД изедначени во најнова анкета во Германија

Венецуела најави општ закон за амнестија за политички затвореници

Орбан предупредува на ризик од проширување на војната