Утрински Весник
Свет

Украина ги затвори своите граници и ја продолжи мерката за карантин

Украина ги затвори своите граници и ја продолжи мерката за карантин

Украина воведе привремена забрана за влез во земјата за повеќето странски државјани до 28 септември и ги продолжи карантинските мерки до крајот на октомври.

Премиерот на Украина, Денис Шмигал, на владината седница изјави дека властите треба да донесат одлука утре за тоа дали да забранат одржување на големи јавни собири во септември, пренесува „Ројтерс“.

Според најновите податоци од Универзитетот „Џон Хопкинс“, од почетокот на пандемијата во Украина се потврдени околу 111.000 случаи на Ковид-19, од чии последиците починале повеќе од 2.300 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Хаос во летот, авионот ги изгуби тркалата: Слетувањето беше драматично

(ВИДЕО) Хаос во летот, авионот ги изгуби тркалата: Слетувањето беше драматично

САД бараат од Романија да користи бази за воени операции во Иран