Провалници украле брендирани предмети на Бијонсе чија вредност се проценува на 1.35 милиони долари, објави порталот „ТМЗ“.
Складишните единици во Лос Анџелес каде има лични работи на 39-годишната музичка ѕвезда биле мета двапати овој месец, а провалниците украле голем број чанти и фустани на Бијонсе.
„ТМЗ“ известува дека единиците ги изнајмува нејзината продукциска компанија „Парквуд ентертејмент“ и сите предмети од првиот грабеж ѝ припаѓале на Бијонсе.
Вториот грабеж бил насочен кон чанти, детски играчки и фотографии на еден од стилистите на Бијонсе.
Полицијата во Лос Анџелес ги испитува провалите, но сè уште нема апсења.
Во меѓувреме, Бијонсе неодамна стана најодликувана жена уметник во историјата на Греми-наградите. Заедно со новите четири кои ги освои на овогодинешната церемонија на почетокот на март, Бијонсе се запиша во историјата на „Греми“ со освоени 28 награди.