Утрински Весник
Македонија

УКЛО-Битола за студентите овозможи испитни сесии со продолжени рокови

УКЛО-Битола за студентите овозможи испитни сесии со продолжени рокови

Битола, 20 мај 2020 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола донесе одлука со која на студентите им се овозможува продолжена јунска и септемвриска испитна сесија.

На вонредна седница на Управата на УКЛО-Битола извршена е измена на Студентскиот календар и посочени се можностите за полагање во продолжени рокови.

-Студентите на УКЛО со една пријава можат да полагаат во два термини. Исто така, во пролонгираните рокови  предвидени се и колоквиумски недели. На овој начин се пополнува празнината со „изгубената“ сесија и УКЛО им излегува во пресрет на барањата на студентите, изјави проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски.

Студентскиот календар е објавен на веб страницата на Универзитетот uklo.edu.mk  и на веб страниците од единиците на УКЛО.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори