Утрински Весник
Македонија

Укинат куќниот притвор на Зоран Милески

Второосомничениот во „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец пуштен во домашен притвор

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Кривичниот совет го прифатил барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“.

– Домашниот притвор е укинат од Кривичниот совет на наше барање со гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари. Укинат е пред две недели, потврди за МИА адвокатот Александар Новаковски.

Милески на почетокот на судењето во случајот „Рекет“ ја призна вината за делото – во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев и беше осуден на казна затвор од три години.

Случајот „Рекет“ против Бојан Јовановски и Катица Јанева се уште трае и се наоѓа во доказна постапка. аа/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Долгорочни прогнози: Не чека блага зима со малку снег

Кражба во црквата „Свети Никола“ во Катланово, маж снимен како ги собира парите од иконите

Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило