Утрински Весник
Свет
Img 7972

Укината пресудата за државен удар во најпознатиот судски процес во Црна Гора

Укината пресудата за државен удар во најпознатиот судски процес во Црна Гора
300x250 opst2

Апелациониот суд во Црна Гора ја поништи првостепената пресуда за обид за државен удар во земјата на денот на парламентарните избори во октомври 2016 година, со која 14 државјани на Русија, Србија и Црна Гора беа осудени на вкупно 67 години затвор.

Во соопштението се вели дела советот на Апелациониот суд „ја укинал првостепената пресуда затоа што во постапката на донесување и во самата пресуда се сторени значителни повреди на одредбите на кривичната постапка, поради што не можеле да бидат прифатени ниту фактички ниту правни заклучоци, како во однос на постоењето на казнивите дела за кои обиветите се прогласени за виновни, така и во однос на постоењето на нивна вина за тие дела“, се наведува во одлуката на Апелациониот суд на Црна Гора.

Решено е целата постапка да се врати на почеток пред нов совет на Високиот суд во Подгорица и укинат е притворот за пензионираниот генерал на српската жандармерија, Братислав Дикиќ, кој со првостепената пресуда беше осуден на осум години затвор.

Со неважечката пресуда на Високиот суд во Подгорица меѓу другите, осудени беа и руските државјани Едуард Шишмаков на 15 и Владимир Попов на 12 години затвор, додека лидерите на опозицискиот проруски Демократски фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ добија по пет години. Беше наведено дека сите обвинети имале задачи што требало да резултираат со насилно соборување на власта во Црна Гора на изборите во октомври 2016 година и прогласување победа на Демократскиот фронт, со цел да се спречи влезот на Црна Гора во НАТО.

Ниту еден од обвинетите не ги прифати делата за кои се товари, а наводите во обвинението ги карактеризираа како наместен политички процес.

Црногорското „судење на векот“, како што го нарекоа медиумите, траеше година и пол со преноси во живо од судницата на сите национални телевизии и по многу нешта беше еден вид судско-политичко-медиумски спектакл.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија